МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА стана членка на Меѓународниот координативен совет на банкарски здруженија – Меѓународен банкарски совет
Собранието на Македонската банкарска асоцијација ја прифати поканата за членство во Меѓународниот координативен совет на банкарски здруженија – Меѓународен банкарски совет.
Меѓународниот банкарски совет е основан во септември 2004 година од банкарските асоцијации на Руската Федерација, Белорусија, Република Казахстан, Република Киргистан и земјите од Централна и Источна Европа со цел меѓусебна размена на професионално искуство и воспоставување взаемно разбирање и доверба помеѓу банкарските асоцијации.
Македонската банкарска асоцијација стана 18–та членка на Меѓународниот координативен совет на банкарски здруженија – Меѓународен банкарски совет на состанокот на Советот одржан на 15.6.2021 година.