КОМИСИЈА ЗА РАБОТЕЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ – Донесени годишните планови за 2019

Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација на својот состанок одржан на 21.12.2018 година ги донесе годишните планови за работа на Комисијата во 2019 година.

На состанокот меѓу другото беа разгледувани и аспектите на технолошкиот развој на процесот на тргување со хартиите од вредност. Тие процеси и новитети бараат усогласување и дискутиравме за предлозите како усогласувањата да минат што подобро и побрзо, истакна претседавачот на Комисијата, Михајло Брова Зиков, по седницата на која беа проследени и други тековни активности.

niksa

About niksa