Ивица Ѓорѓевски на форум „Сајбер безбедност во банкарската индустрија“

На 25.10.2023 година во Приштина во организација на Косовската банкарска асоцијација и Албанската асоцијација на банки беше одржан форум насловен „Сајбер безбедност во банкарската индустрија”.

На форумот Македонската банкарска асоцијација ја претставуваше Ивица Ѓорѓевски, член на Комисијата за информативна сигурност при МБА, офицер за информативна сигурност во Стопанска банка АД Скопје.

Ивица Ѓорѓевски беше панелист на втората панел дискусија на тема „Зајакнување на сајбер заштитата преку соработка и најдобри практики во банкарската индустрија“. 

Соработката меѓу финансиските институции, организациите и државните институции е од витално значење за спречување на сајбер заканите.

Овој форум послужи како одлична платформа за споделување информации за заканите, ранливостите и најдобрите практики на сајбер одбраната во земјите учеснички. Градењето силна мрежа на контакти на полето на сајбер безбедноста е, меѓу другото, она што е потребно  за да се зголеми безбедноста во оваа област.

niksa

About niksa