Глигор Пандиловски учесник на регионална АМЛ работилница на тема крајна сопственост

На 15 мај 2024 во Тирана, во организација на Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), која во рамките на Програмата за усогласеност со ФАТФ во Источна Европа која меѓу другите земји ги опфаќа Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, беше одржана работилница на тема: ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА КРАЈНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕТО ТЕРОРИЗАМ.

Претседавачот на Комисијата за СПП и усогласеност со прописите при МБА,  Глигор Пандиловски во своето виртуелно излагање сподели клучни размислувања, предизвици и најдобри практики во поглед на спроведување на мерки за идентификација и верификација  на вистински сопственици и изворите за добивање  информации за утврдување на сопственоста на правни лица.

niksa

About niksa