EOS Matrix одржа презентација пред Комисијата за финансиско реструктурирање при Македонската банкарска асоцијација
На состанокот на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) кој се одржа на 29 јануари 2021 година, EOS Matrix беа поканети да присуствуваат и дадат свое мислење за справување со нефункционалните кредити по ударот на КОВИД-19.
На овој состанок, директорката на EOS Катерина Бошевска презентираше акциски план. Во својата презентација таа се осврна на економското и политичкото опкружување во Источна Европа во периодот по ударот на пандемијата, како и активностите на регулаторите и супервизорите од ЕУ за заштита на населението и бизнисите.
Во својата презентација Бошевска даде и осврт на макроекономските показатели за состојбата во Македонија, потенцијалните ефекти на целата ситуација со Ковид 19 врз нефункционалните кредити и кредитниот ризик во нашиот банкарски сектор, при што заклучи дека очекувањата се дека ситуацијата со Корона вирусот ќе има негативен ефект врз обемот на нефункционални кредити.
При анализа на официјално објавените ревизорски извештаи на седум банки кај нас, утврдени се вкупно отпишани побарувања (на овие банки) за 2019 год во износ од 77.865.000 ЕУР како и вкупна исправка на вредност (направени резервации) во износ од 34,187,000 ЕУР.
EOS со својата услуга за откуп на нефункционални кредити им нуди помош на банките во одржување на ликвидноста. EOS досега инвестираше 190 мил. евра во откуп на нефункционални кредити во Источна Европа и планира да продолжи да инвестира.
Со еден транспарентен партнерски однос, а во согласност со квалитетот и структурата на портфолиото, EOS при анализа на понуденото портфолио нуди фер цена се со цел решавање на ситуацијата со нефункционалните кредити во билансите на Банките. Од друга страна, помага кај клиентите на Банките (должниците) да се ослободат од своите задолжувања,, овозможувајќи им при тоа да живеат во еден свет без долгови. (For A Debt Free World).