Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен и високо ликвиден

Нина Неданоска, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка како претставник на Македонската банкарска асоцијација за Економски магазин на ТВ Алсат

Во Корона кризата треба да им се овозможи на компаниите да се реорганизираат. Да можат да се прилагодат на ноиот начин на делување. Да можат да креираат нови производи и услуги кои ќе ги нудат.

Тоа би го поистоветила со пациент.

Кој е тој што ќе процени дали некој пациент има шанса да преживее?

Ако не му се пружи помош, нема да преживее секако. Ако му се пружи помош, тогаш има надеж.

Ова беа дел од  забелешките во интервјуто за Економски магазин на ТВ Алсат на Нина Неданоска, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка, како претставник на Македонската банкарска асоцијација, каде што со уредникот Горан Теменугов разговараше за стабилноста на банкарскиот сектор во Македонија и поддршката која ја нуди во поглед на економската криза настаната од Ковид 19.

niksa

About niksa