МБА и Фондот за осигурување на депозити ги едуцираат студентите

Македонската банкарска асоцијација заедно со Фондот за осигурување на депозити на 04.12.2019 година (среда) го организираа настанот „Запознај го Фондот за осигурување на депозити“.

Настанот се одржа во просториите на „Јавна соба“ и беше наменет за студентите од факултетите на Република Северна Македонија со цел запознавање и продлабочување на нивните знаења за Фондот за осигурување на депозити.

На настанот свое обраќање имаше директорот на Фондот за осигурување на депозити, г-дин Борче Хаџиев, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивното присуство.

По поздравниот говор на г-дин Хаџиев, се одржа едукативниот дел на настанот реализиран преку креативна работилница и интерактивна презентација за Фондот за осигурување на депозити.

Настанот беше крунисан со натпреварот преку електронската платформа Кахут (Kahoot!) на кој за најдобрите тројца пласирани учесници, Македонската банкарска асоцијација им додели парична награда.

На натпреварот првото место освои Бојана Поповска, второто место го освои Моника Донеска, додека пак третото место го освои Владанка Недева.

Извршниот секретар на Македонската банкарска асоцијација, г-ѓа Милена Перчинкова, им честиташе на најдобро пласираните 3 учесници за нивното знаење и успех и им ги додели наградите.

niksa

About niksa