Д-р Маја Стевкова Штериева на прва работа средба со претседавачите на Комисиите

Претседателка на Македонската Банкарска Асоцијација, Д-р Маја Стевкова Штериева, ја имаше првата средба со претседавачите на комисиите и претседателот на Одборот за избор и следење на референтни банки кои работат во составот на ова банкарско здружение. Притоа деветтемината претседавачи и претседателот на Одборот за избор и следење на референтните банки ја запознаа Д-р Штериева со нивните досегашни активности и плановите за темите, актуелностите и програмите кои ги планираат за периодот што следува.

Д-р Стевкова Штериева на првата работна средба со претседавачите на Комисиите и претседателот на Одборот за избор и следење на референтните банки изрази задоволство од начинот на работата на Комисиите и Одборот, истакнувајќи го нивното суштинско значење за работата на Македонската Банкарска Асоцијација.

niksa

About niksa