Обраќање на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Свечената академија по повод 30 години монетарна самостојност

niksa

Одамна е речено дека историјата е сведок на минатото, пример и поука за сегашноста, но и лекција и предупредување за иднината. Затоа, чествувањето на триесетгодишен јубилеј од значаен историски настан, каков што е монетарното осамостојување на современата македонска држава, не е само чест и повод за празнување. Тоа е и обврска,  стоејќи простум пред генерациите посветеници коишто се вложија во она што денес е наша современа монетарна историја, но и пред генерациите на коишто им ја должиме иднината.

Стевкова-Штериева за МИА: Банките покажаа исклучителна одговорност, ја одржаа ликвидноста, ќе продолжат со поддршка на компаниите и населението

niksa

Банкарскиот сектор во земјава оваа година покажа исклучителна одговорност во работењето и посветеност на грижата за клиентите со цел сите да успееме да ги надминеме последиците од пандемијата од вирусот Covid-19. Банките ги одржаа ликвидноста и солветноста и со 30 септември 2020 година остварија позитивни резултати во работењето и речиси е извесно дека банкарскиот сектор годината ќе ја заврши со добивка.

Ова во интервју за МИА го истакнува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева.

Интервју со д-р Глигор Бишев, како претставник на МБА во емисијата Економски Магазин

niksa

Д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје”, како претставник на МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА беше гостин во емисијата Економски Магазин на АЛСАТ ТВ.