Соопштение за јавноста

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека деловните банки во нашата земја не прифаќаат ефективни парични средства во валута норвешка круна (NOK) и шведскa крунa ( SEK).

Причината за тоа се прекинатите врски за  размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банките во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји.

Одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки круни (NOK) и шведски круни ( SEK) од страна на домашните деловни банки не влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму  можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат SEK и NOK, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).

niksa

About niksa