Претставници на МБА – учесници на семинарот на Комората на извршители
Комората на извршители на Република Северна Македонија на 16-ти октомври 2021 година организираше семинар на извршители во хотел Сириус, во Струмица.
На семинарот учестуваа претседавачот на Правната Комисија, Виолета Јанева, и заменик претседавачот на Правната Комисија, Горазд Поповски.
Претставниците на Македонската банкарска асоцијација, Виолета Јанева и Горазд Поповски, на семинарот имаа и свои излагања на тема „Спроведување на извршување над недвижен имот опишан во лист за предбележа на градба по член 205-а од Законот за извршување и преземање на извршни дејствија над недвижен имот кој останал со незапишани сопственички права по член 239-а од Законот за извршување“.

На семинарот, покрај претставниците на Македонска банкарска асоцијација, свое обраќање имаа и неколку професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, од Градежниот факултет во Скопје, судии, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци и од Комората на проценувачи на РСМ.