Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова Штериева, панелист на Банкарскиот самит во Белград
На 05.12.2023 година, во организација на УБС – Здружението на банки на Србија, во Белград се одржа Банкарски самит 2023 на кој како панелисти учествуваа гувернерите на централните банки и претставници на банкарските здруженија на земјите од регионот.
На самитот Македонската банкарска асоцијација ја претставуваа претседателка на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева како панелист и извршниот секретар Милена Перчинкова.
Претседателката во своето излагање на тема „Актуелности и предизвици во банкарскиот сектор од перспектива на банките“ ги презентираше состојбите во македонскиот банкарски сектор и успешните деловни политики со кои банките се носат со актуелните предизвици наметнати од инфлаторните притисоци.

Учесниците на сумитот ги споделија своите искуства во банкарството во земјите од каде доаѓаат, со цел подобрување на воведените практики, разменување на идеи и креирање на нови иницијативи за засилување на регионалниот развој.

Генералниот заклучок на Банкарскиот самит 2023 беше дека банкарскиот сектор во регионот е стабилен, консолидиран и добро капитализиран, а централните монетарни власти успешно ги прилагодуваат и реализираат своите интервенции на финансискиот пазар.