Одржана работилница на тема „Hungarian Instant Payment & Treasury Technology“ во организација на Амбасадата на Република Унгарија и Македонската банкарска асоцијација
На 9 април 2025 година, во организација на Амбасадата на Република Унгарија, а поддржано од Македонската банкарска асоцијација, се одржа специјализирана работилница/презентација на тема: Hungarian Instant Payment & Treasury Technology.
Настанот беше отворен со поздравни говори од неговата екселенција, г-дин Андраш Клајн, амбасадор на Република Унгарија, и д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација.

Во централниот дел од работилницата беа одржани две стручни презентации:
- “The 21st Century on the European Payments Market – Europe and Hungary”, презентирана од г-дин Роберт Кисели, директор на стручни служби при Capsys Informatics Ltd.;
- “Exploring the European Treasury Regulatory Landscape”, презентирана од г-а Клаудија Домјан, извршен директор на FX Software Co.
На настанот присуствуваа претставници од Народната банка на Република Северна Македонија, како и членови на Комисијата за ликвидност и Комисијата за платен промет во земјата и странство при Македонската банкарска асоцијација.
Македонската банкарска асоцијација останува посветена на унапредување на банкарскиот сектор и отворена за понатамошна соработка во доменот на финансиската едукација.




