Корпоративна стратегија при спојувања и превземања во пракса, предавач м-р Димитар Фуна
Вчера, 15.5.2024 година во организација на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг се одржа работилница на тема: Корпоративна стратегија M&A во праксa.
За спојувањата и превземања, поврзано со клиенти со финансиски проблеми, нивно превземање, осврт на ризиците – кредитни и некредитни при спојувања и превземање на бонитетни фирми говореше м-р Димитар Фуна.
Димитар Фуна, е дел од инвестицискиот тим за приватен капитал (Private Equity) во Downing LLP, Лондон, Велика Британија, компанија која управува со £2 милијарди фунти. Во своето претходно искуство како M&A консултант за инвестициски фондови, Димитар бил вклучен во над 40 трансакции, со кумулативна вредност од 4 милијарди фунти. Во 2022 година е добитник на годишна награда на Народната банка за најдобар млад истражувач.
Во текот на работилницата Фуна размени мислење со присутуните членови на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг, Комисијата за ризици и Правната комисија укажувајќи на значењето на градење на екосистем на стратешки советници.
Во знак на благодарност за континуираната соработка со Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг при Македонската банкарска асоцијација на предавачот Димитар Фуна му беше му беше доделена благодарница.