Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Продолжува успешната соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и Министерството за финансии

Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими.

Во официјалниот дел се обрати министерот за финансии кој истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор и тоа преку полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги.   

Тој посочи и дека е добро што во услови на криза финансискиот систем остана стабилен.

– Нашиот банкарски сектор покажа уште еднаш дека е резистентен.  Адекватноста на капиталот изнесува 17%. Ликвидната актива изнесува 30% во однос на вкупната актива и ниско учество на лошите кредити од 4,7%, како и остварена добивка во првата половина од годината, која што е природен извор на нов капитал, банкарскиот систем е доволно силен да апсорбира евентуални загуби предизвикани од кризата – вели Бесими.

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот  на ковид – кризата до денес.

„Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките и банкарскиот систем.“ – истакна Стевкова-Штериева.

Во работниот дел се дискутираше за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи,  платежните картички за граѓанитекакоделодчетвртиотпакет за економскимерки за справувањесопоследицитеод Ковид-19 како и други теми од заеднички интерес. Во време на најголема глобална економска криза во последните децении, воспоставената успешна соработка ќе продолжи преку заеднички состаноци на квартална основа.

niksa

About niksa