Состанок на претседателството на МБА со мисијата на ММФ
М-р Тони Стојановски, заменик претседател на Македонска банкарска асоцијација, денес во просториите на асоцијацијата одржа состанок со мисијата на ММФ.
На состанокот м-р Тони Стојановски ги запозна присутните со активностите на Македонската банкарска асоцијација и со состојбите на банкарскиот сектор на Република Северна Македонија.
На состанокот освен претставници од мисијата на ММФ присуствуваше и претставник од Светска банка како и извршниот секретар на Македонска банкарска асоцијација.