Новиот претседател ја интезивира соработката

Денес, во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација се одржа состанок со претставници на Македонската берза ад Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност ад Скопје, со кои МБА има потпишано меморандуми за соработка.

Тема на разговорите беше новиот предлог Закон за финансиски инструменти, а беа предложени повеќе иницијативи за работи кои се од заеднички интерес во области од финансиското работење, како и работењето со хартии од вредност.

– Македонската Берза и Централниот депозитар за хартии од вредност се институции со кои МБА веќе има воспоставено соработка. Во интерес на сите е таа да се продлабочи, односно да се интензивира во области за кои досега не се разговарало. Законот за финансиски инструменти е значаен закон со кој активностите на пазарните учесници ќе бидат регулирани со закон кој претставува доближување кон европскита регулатива и практики, и особено значајно е тоа да биде разбирлив и применлив закон. Преку комисиски ангажмани во рамките на МБА, како и преку комуникација со останатите засегнати страни ке настојуваме да дадеме конструктивен придонес, вели претседателката на Здружението, д-р Штериева.

niksa

About niksa