Собранието на МБА ги прифати извештаите за работа на комисиите

Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација на 10.04.2019 година ја одржа 10-та по ред седница, на која присуствуваа и претседавачите на комисиите кои работат во склоп на асоцијацијата.

Маја Андреевска Блажевска, Претседавач на Комисија за СПП и усогласеност со прописи; Виолета Јанева, Претседавач на Правната комисија; Билјана Момировска, Претседавач на Комисијата за ризици; Ирена Кузманоска, Претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ; Весела Чурилова, Претседавач на Комисијата за платен промет во земјата и странство; Тони Трајковски, Претседавач на Комисијата за документарно работење; Емил Јакимов, Претседавач на Комисијата за ликвидност и Кристина Трпезановска, Заменик претседавач на Комисијата за информативна сигурност на банките ги презентираа реализираните и тековни активности на комисиите со кои претседаваат.

Потврдувајќи ја богатата и плодна активност во претходниот период Собранието ги прифати и планираните активности на Комисиите предложени од нивните претседавачи.

niksa

About niksa