МБА на 44. хибридна Банкарска Конференција на БАЦЕЕ
На 21.10.2022 година во Будимпешта се одржа 44. хибридна Банкарска конференција на Банкарската асоцијација на Централна и Источна Европа (БАЦЕЕ).
Во име на Македонската банкарска асоцијација која беше конференциски партнер присутните ги поздрави извршниот секретар на МБА, Милена Перчинкова.

На конференцијата говорници беа 20 експерти од регионот кои дискутираа за ризиците и можностите во банкарскиот сектор на земјите од Цeнтрално-источна Европа и Јужно-источна Европа, влијанието на војната во Украина врз економијата и финансискиот сектор на регионот, кореспондентско банкарство – нови предизвици за финансиските институции, ESG, како и управувањето со податоци и сајберсигурноста.
Хибридниот настан изброја повеќе од 530 учесници од 39 земји.
