Комисија за човечки ресурси
Претседавач на Комисијата за човечки ресурси е м-р Љупчо Фармакоски, Главен координатор за човечки ресурси и општи работи во Секторот за човечки ресурси и општи работи во Комерцијална банка АД Скопје.
Како постојано работно тело во рамките на Македонската банкарска асоцијација, Комисијата за човечки ресурси ги следи законските, подзаконските прописи и други акти од областа на човечките ресурси или други области кои имаат поврзаност со прашањата за човечки ресурси и нивна примена, дава мислења по предлог законски, подзаконски и други акти на органи и институции од областа на човечките ресурси или други области кои имаат поврзаност со прашањата за човечки ресурси, креира политики за прашањата во врска со управувањето и раководењето со човечките ресурси, изградува ставови по прашања во врска со примена на позитивните законски прописи и интерните акти во постапките за управување со човечките ресурси, постапките за вработување, унапредување и мобилност и организација на стручното усовршување, организира стручни расправи и е поддршка на извршниот секретар и на органите на МБА во подготовка на предлозите на материјалите и одлуките кои ги донесува Собранието, и се грижи и за други активности во врска прашањата од областа на човечките ресурси.
Фармакоски е член на Комисијата од денот на нејзиното формирање, а функцијата претседавач ја извршува од 27.12.2019 година. Долгогодишното искуство и знаење на Фармакоски придонесуваат за активно следење и ефикасно управување со човечките ресурси во банкарскиот сектор во земјава, особено во услови на динамични промени на пазарот на труд во земјава.
Фармакоски ја претставува Комисијата за човечки ресурси и активно учествува во соработката со надворешни институции (домашни и меѓународни) за различни прашања, како што се примена на законски, подзаконски и останатите прописи, усогласување на ставови и мислења и имплементирање на меѓународната пракса од областа на управувањето со човечки ресурси. Како резултат на својот придонес во работата на МБА добитник е на благодарница во 2021 година.
Во Комерцијална банка е вработен од 2013 година, при што работи во различни сегменти од областа на човечките ресурси и општите работи. Претходно има 23 годишно искуство во Владата и различни министерства. Љупчо Фармакоски е и потпретседател за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог во Организацијата на работодавачи на Македонија, а поседува и лиценца за помирувач и арбитер, издадена од Министерството за труд и социјална политика. Учесник е во повеќе работни групи за изготвување закони од областа на работните односи, колективни договори, заштита од вознемирување на работното место, мирно решавање работни спорови, заштита на укажувачи и друго.