Андреј Шумански, вицешампион на националниот натпревар „Европски квиз на пари“

Второ пласиран на националниот натпревар „Европски квиз на пари“ е Андреј Шумански.

Андреј Шумански е роден на 19 Ноември 2006 година во Скопје. Одличен ученик е во ОУ„Кирил Пејчиновиќ’’ во Скопје.

Отсекогаш го фасцинирале бројките и математиката. Има освоено II место во 2017 година и III место во 2019 година на Регионалните натпревари по математика организирани од Сојузот на математичари на Македонија.

Во 2016 и 2018 година освои прва награда на Меѓународнсиот натпревар Кенгур организиран од Сојузот на математичари на Македонија, а во 2018 година и бронзен медал на Финалниот круг на Меѓуародниот натпревар КЕНГУР.

Андреј е одличен спортист, кој тренира тенис речиси осум години, а за што има освоено награди и признанија на државните и клубски натпревари.

Денес, во конкуренција на 469 натпреварувачи го освои второто место на националниот натпревар Европски квиз на пари.


Повеќе за натпреварот прочитајте тука.

niksa

About niksa