MiCreS Newsletter VOL.3
Објавен третиот број од билтенот на проектот MiCreS
На 18 и 19 јуни 2025 година се одржа четвртиот работен состанок на партнерите на MiCreS проектот, овој пат во Даблин, Ирска, чиј домаќин беше институтот за банкари на Ирска – The Institute of Bankers in Ireland (IOB).
Третиот работен состанок на партнерите на MiCreS проектот се одржа на 13. март 2025 година, во Милано, Италија, и уште еднаш ги собра експертите од областа за продлабочена размена на увиди, искуства и нови можности. Настанот, чиј домаќин беше здружението на италијански банки, ABI – Associazione Bancaria Italiana, обезбеди платформа за зајакнување на соработката и истражување на нови стратегии за раст и иновации.
На Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација имаше задоволство да биде домаќин на претставници од тимот на проектот MiCres – г-ѓа Фатма Диркес, потпретседател на Frankfurt School of Finance & Management и претседател на European Banking & Financial Services Training Association (EBTN) и г-ѓа Катја Герц, директор на проектот MiCreS.
На 25. и 26. септември, во Барселона, Шпанија во организација на Instituto de Estudios Financieros (IEF) се одржа втор работен состанок за MiCreS проектот на кој од Македонската банкарска асоцијација присуствуваше Јована Лозановска, одговорно лице на Одделението за едукација.
Македонската Банкарска Асоцијација како дел од тимот на MiCreS проектот со свој претставник ќе присуствува на одржувањето на вториот состанок на проектот, организиран од Institut de Estudis Financiers (IEF), што ќе се одржи овој септември во Барселона!
Македонската Банкарска Асоцијација како дел од тимот на MiCreS проектот со задоволство го споделува Работниот пакет 2 (WP2).
Тематска област: Менаџмент и развој на човечки ресурси
Времетраење: 01.01.2024 – 31.12.2026
Клиент: Европска агенција за образование и култура (EACEA)
Регион: Низ целиот свет