Одржана втора работилница за ESG Прашалникот
На 23 јануари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа втората работилница посветена на ESG прашалникот, во организација на Комисијата за ESG при МБА.


На 23 јануари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа втората работилница посветена на ESG прашалникот, во организација на Комисијата за ESG при МБА.
На 12 декември 2025 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работилница посветена на ESG прашалникот, организирана од Комисијата за ESG при МБА. Настанот собра повеќе од 40 претставници од членките на Асоцијацијата, а сесиите ги водеа претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата, г-дин Богоја Китанчев и г-а Маја Ставрева Стојанова. Македонското кредитно биро ја презентираше техничката платформа која ја овозможува примената на ESG Прашалникот во банкарскиот сектор.
Со задоволство ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, во соработка со Македонско кредитно биро АД Скопје, е подготвен првиот унифициран ESG Прашалник за сите компании во земјата.
ЕСГ Комисијата при Македонската банкарска асоцијација ги информира сите засегнати страни дека European Sustainability Reporting Standards (ESRS), како официјални стандарди за известување за одржливост во рамки на CSRD директивата на Европската Унија, сега се достапни и на македонски јазик.
Комисијата за ESG при Македонската банкарска асоцијација со задоволство го споделува Водичот за обновливи енергетски технологии, подготвен од Технолошкиот извршен комитет (TEC) во соработка со UNIDO и UNEP-CCC, како дел од серијата на публикации за Проценка на технолошки потреби (Technology Needs Assessment – TNA).
На 3 април, на II Регионалната конференција „Нова ера во сметководството – стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“, во организација на ИСОС, Богоја Китанчев, претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, беше говорник на панелот посветен на имплементацијата на МСФИ и ЕСГ стандардите.
Чест ни е да објавиме дека Македонската Банкарска Асоцијација како членка на Мрежата за Одржливо Банкарство и Финансии – Sustainable Banking Finance Network (SBFN), учествува на 8-от глобален состанок (поддржан од Меѓународната финансиска корпорација IFC – членка на Групацијата на Светска банка, Централната банка на Бразил – Banco Central do Brazil и Бразилската банкарска федерација – FEBRABAN).
„Креирањето на амбиент за успешно управување со ризици поврзани со климатските промени и правилната примена на ЕСГ стандардите заслужуваат големо внимание бидејќи истите ќе обезбедат создавање поздрава животна средина и остварување на целите за одржлив развој на целата национална економија. Улогата на банкарскиот сектор во ублажувањето на климатските промени, е да ја обезбеди транзицијата кон зелено финасирање”, истакна Богоја Китанчев претседавач на Комисијата за ЕСГ при Македонската банкарска асоцијација, на неодамнешното гостување на 15. Бизнис форум во организација на Ротари клуб Скопје Центар.
Собранието на Македонската банкарска асоцијација на 42. седница донесе Одлука за избор и именување на претседавач и заменик-претседавач на Комисијата за ESG.
На 22.9.2023 година се одржа состанок на новоформираната Комисија за ЕСГ (Environmental, Social, and Corporate governance) при Македонската банкарска асоцијација.