Учениците кои го освоија третото место во Европа за финансиска едукација одликувани од МБА, Народната банка и КХВ

niksa

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација, на 28 мај 2024 година,  се одржа свеченото доделување на наградите на учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ − Ресен, кои под менторство на Дијана Ѓоргиевска, ја претставуваа нашата земја и на европското финале во Брисел, Белгија, каде што го освоија третото место во конкуренција од 36.000 ученици од 2.200 училишта низ Европа. На средбата присуствуваа претседателката на Македонската банкарска асоцијација (МБА), д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), м-р Нора Алити, како и второ- и третопласираните тимови на националниот натпревар, односно Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје со менторката Билјана Ниновска и Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ − Кавадарци со менторката Лоска Давчева.

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

niksa

Македонската банкарска асоцијација
во соработка со
Министерството за образование и наука,
Народната банка на Република Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.