Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје се националните шампиони на Европскиот квиз за пари 2026

niksa

Денес, 19 март 2026 година се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз за пари 2026. Под менторство на професорката Билјана Ниновска, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска ја освоија првата награда на овогодинешниот национален натпревар „Европски квиз за пари“, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), и поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.

Одржан првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари за 2026 година

niksa

Денес, 16 март 2026 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој учествуваа околу 1300 пријавени ученици од основни и средни училишта од нашата држава.

Работен состанок за подготовка на натпреварот „Европски квиз на пари 2026“

niksa

На 27 февруари 2026 година се одржа подготвителна средба во пресрет на националниот натпревар „Европски квиз на пари 2026“, во организација на Македонска банкарска асоцијација, во соработка со Народна банка на Република Северна Македонија и Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Минатогодишните победници за нивното искуство на Европскиот квиз за пари 2025

niksa

Марин Христоски и Алексеј Мицкоски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз за пари…

Јавен повик до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија за „Европски квиз на пари 2026“

niksa

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија
и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.