Минатогодишните победници за нивното искуство на Европскиот квиз за пари 2025
Марин Христоски и Алексеј Мицкоски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз за пари…


Марин Христоски и Алексеј Мицкоски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз за пари…
Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа свечен настан по повод освоеното второ место на Европскиот квиз на пари од страна на македонскиот тим, составен од учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска.
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост.
Италијанскиот тим победи на Европскиот квиз на пари, најголемото натпреварување за финансиска писменост во Европа за ученици на возраст од 13 до 15 години, организирано од Европската банкарска федерација (ЕБФ). Националните победници од 30 земји се собраа во Брисел за да се натпреваруваат за титулата европски шампиони.
Под водство на нивниот ментор, наставничката Соња Јорданоска, Марин Христоски и Алексеј Мицкоски обезбедија победа на годинешниот национален натпревар за Европскиот квиз за пари, организиран од Македонската банкарска асоцијација (МБА) со поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност.
Денес, 1ви Април 2025 година, се одржа првиот круг од националниот натпревар Европски квиз за пари, на кој што се натпреваруваа над 1000 пријавени ученици од основните и средни училишта во нашата држава.
На 28.02.2025 година беше одржана подготвителна средба на претставниците на МБА, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност со менторите и тимовите на ученици од пријавените училишта на која им беа дадени насоки и едукативни материјали за подготовка за натпреварот.
Кирил Китевски и Кристијан Лазароски го споделија своето искуство како лански победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на пари…
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија
и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.