Состанок на Комисијата за документарно работење

Во просториите на Македонска банкарска асоцијација на 25.1.2023 година се одржа првиот состанок на Комисијата за документарно работење во новата година.

На состанокот беше извршено формално примопредавање на должноста Претседавач на Комисијата за документарно работење, од г-динот Тони Трајковски од Халк банка на г-динот Андреј Ефтимов од НЛБ банка, чиј мандат започна на 1.1.2023 година.

Членовите на Комисијата на состанокот дискутираа за тековните активности како и за плановите за понатамошни активности во текот на годината.

niksa

About niksa