Известување за злоупотреба на социјалните мрежи на името и логото на МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

Почитувани,
На социјалните мрежи Instagram, Facebook и сл. се појавуваат рекламни објави (ads) каде неовластено се користи логото и називот на Македонската Банкарска Асоцијација
за „заеми без кредитна проверка, без доказ за приход и сл.“

Ве замолуваме да не ги отворате бидејќи се работи за phishing со цел незаконско прибирање на лични податоци. Случајот е пријавен кај надлежните институции.

Информации од Македонската Банкарска Асоцијација можете да добиете единствено на нашата официјална веб-страница https://mba.mk/, како и на нашиот профил на LinkedIn – https://www.linkedin.com/company/macedonian-banking-association/

niksa

About niksa