Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација
Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г. Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.
Г. Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг.
Моментално, г. Стојаноски е Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година. Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД – Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД – Скопје.
Македонската банкарска асоцијација e уверена дека неговото искуство, стручност и посветеност ќе донесат голем придонес во остварувањето на целите на Асоцијацијата.
Срдечно му честитаме на г. Стојаноски и му посакуваме многу успех на новата функција.