Банките се подготвени за исплата на паричната помош од социјална и детска заштита
Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита.
Сите корисници на парична помош од социјална и детска заштита, коишто поседуваат дебитни картички, ќе располагаат со средствата, преку банкоматите и во трговската мрежа од денес, петок, 3 јули 2020 година во попладневните часови.
За корисниците кои не користат картички, како што е соопштено и овојпат исплатата ќе се спроведе во групи, во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
- 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;.
Ги молиме клиентите на банките коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до утврдениот распоред.
Воедно потсетуваме дека при посета на филијалите и експозитурите треба да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето односно клиентите на банките треба задолжително да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките.