ОДРЖАН ЕСГ САМИТ АДРИА ЗА ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ОД БАНКАРСКИТЕ АСОЦИЈАЦИИ ВО РЕГИОНОТ
На 26 април 2024 година, претседавачите на Комисијата за ЕСГ присуствуваа на ESG Adria Summit во организација на IFC’s Integrated ESG а во соработка со SBFN Sustainable Banking and Finance Network (SBFN) и Sustineri Partners. Настанот беше наменет за обука на обучувачи Training of Trainers (ToT) од банкарските асоцијации во регионот.
Клучната улога на настанот е унапредување и промовирање на ESG стандардите и одржливите финансии во банкарската индустрија и поттикнување на соработката помеѓу различни засегнати страни, индустрија, регулатори, влада, стопански комори и компании од реалниот сектор.
Глобалениот координатор на SBFN, Ронг Џанг, одржа презентација за мисијата на SBFN како непроценлива платформа за размена на знаење помеѓу членките, а од друга страна направи осврт на очекувањата од проактивниот ангажман на различни банкарски асоцијации во поттикнувањето на одржлив банкарски екосистем. На настанот беа споделени и искуства на Банкарската Асоцијација на Јужна Африка.