Одржана презентација на тема „Доверливи услуги & Електронска идентификација“ во организација на Комисијата за документарно работење
На 18.09.2024 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше двочасовна презентација од страна на Клириншка куќа КИБС на тема „Доверливи услуги и Електронска идентификација“.
На работилницата присуствуваа претставници од Народната банка од дирекциите за платни системи и јавни набавки и претставници од банки-членки на Комисијата за документарно работење.
Презентацијата опфати делови од правната рамка во РСМ, електронски документ и негови придобивки, видови сертификати за електронски потпис во РСМ, проверка на сертификатите за електронски потпис, примена на сертификатите во РСМ, и електронска идентификација ОneID.