Одржана дебата на тема „Trade Finance Red Flags“ во организација на Комисијата за документарно работење

На 17.02.2025 година во просториите на Македонската банкарска асоцијација се реализираше специјалистичка дебата во рамките на Комисијата за документарно работење-КДР. На истата активно учество имаа над дваесетина претставници на КДР членките и на Народната банка на Република Северна Македонија. Ова беше деветти едукативен настан во рамките на Комисијата за документарно работење во изминатите 26 месеци.

На темата за можните измами и злоупотреби на документарните услуги се разговараше низ примери со цел да се имплементираат најдобрите практики за нивно спречување. Особено преку рано детектирање на неправилностите преку одредени индикатори (red flags). Дискусијата поврзана за банкарските гаранции, акредитиви и инкасо-наплатите, покрај превенцијата од криминални активности, се фокусираше и на мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и почитување на меѓународните санкции. Беа анализирани бројни случаи во насока на безбедно финансирање на трговијата.

Со оглед на комплексноста на проблематиката заеднички заклучок на учесниците беше дека треба да се продолжи со слични настани и иницијативи во рамките на МБА. Примерите за кои се дебатираше ќе бидат документирани преку листа на случаи од практиката. Според претседавачот на Комисијата, г-дин Андреј Ефтимов таа ќе претставува солидна едукативна алатка за оперативците во документарното работење. Истата набргу ќе биде доставена до сите членки на КДР и учесниците на настанот од НБРСМ.

niksa

About niksa