Едукативен настан посветен на дебата за добри и лоши практики во Trade Finance услугите
На 12 јуни, 2025 година во организација на Комисијата за документарно работење, се одржа десеттиот по ред едукативен настан посветен на специјалистичка дебата за добри и лоши практики во областа на Trade Finance услугите.
Нашите членки заедно со претставници на Народна банка и Министерство за дигитална трансформација дебатираа на теми од заеднички интерес. Имено, работниот состанок беше одлична можност да се споделат сопствените искуства и предизвици во документарното работење, да се осознаат позитивните постапки во одредени сценарија од реалната пракса и секако предлагање конкретни решенија за подобрување на квалитетот на услугите преку намалување на ризиците за банките, клиентите и воопшто корисниците на овие инструменти.

Не треба да се заборави значењето од мрежно поврзување на професионалците, како солидна основа за можна соработка во идни заеднички проекти. Конечно, самите учесници изразија задоволство за приликата активно да учествуваат во дебатата и да придонесат кон подобрување на постапките во работењето за кои се специјализирани.

Практиката за пренесување на искуства од банкарското работење продолжува веќе наесен со нов заеднички меѓукомисиски едукативен настан.