СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

niksa

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Банките превземаат активности за пристап кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА)

niksa

Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека домашните банки започнуваат со процесот на оперативна интеграција во платежните шеми на Единствената европска платежна област (СЕПА).