МОН и Македонската банкарска асоцијација ќе работат на унапредување на финансиската едукација на учениците

niksa

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација, и д-р Беркан Имери, член на Комитетот за едукација при МБА, на која се дискутираше за продлабочување на соработката за унапредување на образованието за финансиска писменост на учениците.

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

niksa

Македонската банкарска асоцијација
во соработка со
Министерството за образование и наука,
Народната банка на Република Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.