Работна средба на гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и претставници на членките на МБА

niksa

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.