17/07/2019
Одржан состанок со претставници на АТТФ
На 16.07.2019 година, вчера, во просториите на Македонска банкарска асоцијација се одржа состанок со претставници на АТТФ. Од страна на АТТФ присуствуваа Бен Лион, директор на House of Training, и Клеир Мозет, кординатор за програми, во придружба на претставник од Министерството за финансии, а со состанокот претседаваше Извршниот секретар на Македонска банкарска асоцијација, Милена Перчинкова.