Одржана седница на Одборот за избор и следење на референтни банки
Универзална инвестициона Банка АД Скопје се вклучува во листата на референтни банки
Одборот за избор и следење на референтни банки на 19.5.2023 година ja одржа 12. Седница.
На седницата беше разгледана информација за поставувањето на котации на референтните банки и движењето на SKIBOR каматните стапки во вториот квартал оваа година.
Претседателката на Одборот, Валентина Никовска, го поздрави прифаќањето на статус на референтна банка за котација на каматни стапки за пресметка на СКИБОР од страна на Универзална инвестициона Банка АД Скопје која треба да започне со поставување на каматни стапки за пресметка на СКИБОР од 01.06.2023 година.