Запознајте ги националните победници на Европскиот квиз на пари во 2023 година

Прво пласираниот тим на националниот натпревар доаѓа од Ресен, од Основното училиште “Мите Богоески”. Тоа се учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски менторирани од Соња Стрезовска. Тие ја претставуваа нашата земја на големото финале што се одржа во Брисел, Белгија на 16.5.2023 година.

Кирил во своето претставување ги спомнува наградите, не криејќи ја при тоа својата желба за знаење. Неколкуте освоени златни и сребрени медали на натпреварот Owlypia International, државен натпревар по хемија во организација на СХТМ и слично, ја откриваат неговата спремност подеднакво да ги проучува и општествените и природните науки.
Од секогаш го фасцинирала математиката, физиката како и менаџментот и финансиските портфолиа.


Кристијан е одличен спортист, роден е 10 мај 2008 година во Битола. Отсекогаш го сакал спортот, а ракомет тренира речиси седум години. Неговите амбиции се професионално да се занимава со оваа негова голема пасија.
Но, подеднакво е успешен и во учењето. Добитник е на бројни награди, златен и сребрен медал на меѓународниот натпревар Owlypia од областа на економија и бизнис и од областа на науката и технологијата, први награди на општински, регионален и државен натпревар по хемија и математика.

niksa

About niksa