Одржан втор работен состанок за MiCreS проектот

На 25. и 26. септември, во Барселона, Шпанија во организација на Instituto de Estudios Financieros (IEF) се одржа втор работен состанок за MiCreS проектот на кој од Македонската банкарска асоцијација присуствуваше Јована Лозановска, одговорно лице на Одделението за едукација.

MiCreS проектот е координиран од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, со учество на 13 партнери од европски и други земји.

Потсетуваме дека станува збор за иновативен проект финансиран од програмата Еразмус кој има за цел да го развие првиот европски екосистем за микро-акредитиви базиран на блокчејн. Целта на проектот е да ги револуционизира професионалните квалификации во финансиските услуги и да се усогласи со образовните иницијативи на Европската комисија за поттикнување на поквалификувана и поприлагодлива работна сила во областа на ESG: област која добива значајно внимание и фокус во индустријата за финансиски услуги со оглед на сè покритичната улога на оваа индустрија во прашањата за животната средина.

На состанокот централен фокус имаа понатамошните фази од проектот, конкретно работните пакети 2 и 3.

Работниот пакет 2 се однесува на дизајн и развој на инфраструктура за создавање на професионална ознака, валидација и признавање на трансевропски микроакредитиви за финансискиот сектор, а работниот пакет 3 е наменет за развој на прототип на т.н. „зелен“ микро-акредитив кој ќе биде тестиран во рамките на три пилот земји.

Во овој тригодишен проект покрај МБА како партнери на Франкфуртската школа за финансии и менаџмент учествуваат институции од Белгија – European Banking and Financial Services Training Association (EBTN), Романија – Institutul Bancar Roman (IBR), Малта – Institute of Financial Services (IFS Malta) и Malta Union of Bank Employees (MUBE), Шпанија – FUNDACIÓ PRIVADA INSTITUT D’ESTUDIS FINANCERS (BFS-IEF), Србија – Udruženje banaka Srbije ASSOCIATION OF SERBIAN BANKS (ASB), Турција – IFE Istanbul Finans Enstitusu Egitim ve Danismanlik Hizme (IFE), Италија – Finance & Banking, Associazione per lo Sviluppo Organizzativo e delle Risorse UМANE (EFFEBI), Ирска – Banking & Payments Federation Ireland (BPFI) и The Institute of Bankers in Ireland (IOB).

niksa

About niksa