Одржан четвртиот работен состанок за MiCreS проектот
На 18 и 19 јуни 2025 година се одржа четвртиот работен состанок на партнерите на MiCreS проектот, овој пат во Даблин, Ирска, чиј домаќин беше институтот за банкари на Ирска – The Institute of Bankers in Ireland (IOB).
Клучните теми дискутирани на овој состанок беа:
- Работен пакет 3: Известување за текот на процесот на акредитација на микро-акредитивите во Ирска
- Работен пакет 3: Планирање на пилот-лансирањето на микро-акредитивите со IOB и IFS
- Работен пакет 4: Известување за последните направени чекори за напредок во развојот на прототип на систем за микро- акредитиви базиран на блокчејн од страна на IOB

Професионалниот сертификат за ESG во финансиските услуги е лансиран, и вклучува нов микро-акредитив развиен како дел од проектот MiCreS – иницијатива кофинансирана од Европската Унија за создавање екосистем базиран на блокчејн за микро- акредитиви во финансиските услуги.
Ирска и Малта се првите земји што го пилотираат новиот микро-акредитив. Развиен во соработка со меѓународни партнери и координиран од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, проектот MiCreS има за цел да ја зголеми транспарентноста и верификацијата на професионалните квалификации низ цела Европа.