Фондацијата „Заедно за едно“ набави и донираше специјализирани гелови за третман и лекување на оштетена кожа

Со цел да се обезбеди навремена и соодветна поддршка за лицата кои настрадаа во трагичниот пожар во Кочани, Фондацијата за пружање долгорочна помош и поддршка „Заедно за едно“ – Скопје на 11.09.2025 година реализираше набавка и донација на 200 пакувања специјализирани гелови за третман и лекување на оштетена кожа

Донацијата од 130 пакувања Improskar spf 50 Silicon stick 5G беше донирана на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кочани, а донацијата од 70 пакувања Improskar spf 50 Silicon stick 5G беше донирана на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Скопје.

Донираните производи се наменети за олеснување на симптомите, забрзување на процесот на опоравување и подобрување на квалитетот на кожата со изгореници и други кожни оштетувања предизвикани од пожарот. Со оваа донација, целиме да придонесеме кон побрзо закрепнување и полесно секојдневие на засегнатите лица. Целта на донацијата е доброволна и безусловна помош која не создава директна корист за Давателот на донацијата, ниту обврска за враќање од Примателот на донацијата.

Искрена благодарност до сите вклучени во процесот на набавка, транспорт и распределба на донираните средства. Преку заедничка поддршка и солидарност, можеме да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно.

niksa

About niksa