Фондацијата „Заедно за едно“ донираше крио терапевтска опрема на Болницата во Кочани
Фондацијата за пружање долгорочна помош и поддршка „Заедно за едно“ – Скопје на 28.10.2025 година донираше медицинска опрема на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.
Донацијата опфаќа шест апарати за компресивна криотерапија, заедно со придружни додатоци за лево и десно рамо, лакт и рака.
Опремата е обезбедена со цел да се поддржи процесот на лекување и рехабилитација на лицата настрадани во настанот во Кочани, преку овозможување соодветна нега, заштита на кожата и подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Оваа поддршка претставува доброволен и безусловен гест од страна на Фондацијата „Заедно за едно“, кој не создава никаква материјална корист за давателот, ниту пак обврска за враќање од страна на примателот.




