Одржана втора работилница за ESG Прашалникот
На 23 јануари 2026 година, во просториите на Македонската банкарска асоцијација, се одржа втората работилница посветена на ESG прашалникот, во организација на Комисијата за ESG при МБА.
На настанот повторно присуствуваа над 40 претставници од банките – членки на Асоцијацијата, а работните сесии беа водени од претседавачот и заменик-претседавачот на Комисијата, г-дин Богоја Китанчев и г-а Маја Ставрева Стојанова.
Во рамки на работилницата, Македонското кредитно биро ја претстави техничката платформа наменета за имплементација на ESG прашалникот во банкарското работење.
Работилницата за ESG прашалникот е насочена кон практичната примена на прашалникот и унапредувањето на начинот на кој банките собираат и користат податоци за одржливост, со цел поефикасна комуникација со клиентите. Истовремено, таа придонесува кон зајакнување на капацитетите во банкарскиот сектор и поддршка на компаниите во нивната транзиција кон одржливи деловни модели.

Им благодариме на сите учесници за нивната активна вклученост во досегашните работилници. Со заеднички напори ги градиме основите за поодговорно и поодржливо работење во банкарскиот сектор.




