Национален ESG Прашалник за компании

Со задоволство ве известуваме дека преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, во соработка со Македонско кредитно биро АД Скопје, е подготвен првиот унифициран ESG Прашалник за сите компании во земјата.

Овој Прашалник претставува важен чекор кон усогласување со современите стандарди за одржливост и подобрување на транспарентноста во работењето. Неговата цел е да им овозможи на компаниите поедноставен и структуриран процес на споделување ESG информации со банките и штедилниците, со што се поддржува подобра проценка на ризици, одржлив раст и полесен пристап до финансии.

  • Единствен модел за сите банки и штедилници
  • Еднократно пополнување од страна на компаниите
  • Онлајн платформа за собирање податоци
  • Промовирање на доверба, транспарентност и одржливи деловни практики

Со оваа иницијатива, деловната заедница во нашата земја прави голем чекор кон подобро ESG управување и интегрирање на одржливоста во секојдневните операции.

Прашалникот е подготвен за употреба и ќе се применува усогласено од сите банки и штедилници.

Ова е значаен исчекор кон повисоко ниво на усогласеност и квалитет во одржливото финансирање во нашата земја.

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?
Reload Reload document
| Open Open in new tab

Download [704.82 KB]

niksa

About niksa