“Maximizing Sustainable Finance Opportunities” во организација на IFC & MБА
На 09.02.2023 година се одржа настан на тема „Maximizing Sustainable Finance Opportunities”, организиран од International Finance Corporation (World Bank Group) во соработка со Македонската банкарска асоцијација.
IFC ја организираше оваа работна сесија на која присуствуваа членките на МБА со цел да го поттикне развојот на одржливите финансии. На настанот беа презентирани клучните елементи и предизвици на одржливоста кои ќе го зајакнат капацитетот на финансиските институции за нејзин развој, усогласена со регулативата на ЕУ и глобалните насоки.
Финансискиот сектор има уникатна улога во остварување на целите за прилагодување со климатските промени и намалување на загадувањето. За да ги постигнат овие цели финансиските институции треба да ги насочат своите активности кон намалување на последиците од климатските промени и усогласување со критериумите за одржливост поставени од финансиските регулатори.