Д-р Маја Стевкова Штериева и м-р Тони Стојановски учесници на 54. состанок на асоцијативните членки на Европската банкарска федерација и Европскиот банкарски самит
На 28.9.2022 година во Брисел во просториите на Европската банкарска федерација (ЕБФ) се одржа 54. состанок на асоцијативните членки.
На состанокот присутните беа запознати со најновите активности на ЕБФ и Европската Унија а свои презентации имаа претставници од ЕБРД. Проследени беа и презентации на тема информативна сигурност и спречување перење пари.
Асоцијативните членки ги разменија и најдобрите практики и искуства на национално ниво.
На 29.9.2022 година се одржа шестото издание на Европскиот банкарски самит на кој присуствуваа повеќе од 500 банкарски претставници, креатори на политики и високи експерти. Настанот понуди преглед на најновите случувања во банкарската политика на ЕУ, како технологијата го менува финансискиот систем и како банките можат да играат клучна улога во постигнувањето на целите за одржливост на Европа. Претседателката на ЕБФ истакна дека владите, регулаторите и банките во Европа треба да работат заедно за да се забрза зелената транзиција.