Запознајте го мулти-талентираниот тим кои го освоија третото место на националниот натпревар Европски Квиз на Пари

Стефанија Сарафимова е родена на 5 јули 2006 година во Кавадарци. Таа е одлична ученичка и е запишана во прва година во Средното општинско училиште Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци.

Има учествувано на многу натпревари и освоено бројни награди, меѓу кои е и првото место на Регионален натпревар по Географија во 2021 година. Стефанија се натпреварува и на Меѓународниот натпревар по математика -Кенгур, каде во 2014 година освојува второ место,  а во 2016, 2017 и 2018 година ја освојува првата награда на натпреварот. Покрај интересот за природните науки, Стефанија сака да танцува и во периодот од 2017 година до 2020 година е победник на повеќе Меѓународни натпревари во латино танци, организирани од страна на Клубот за латино танци од Кавадарци.

Нејзини интереси и хоби се: изучување странски јазици, а посебно англиски јазик за што и активно посетува курс, фотографирање на пејсажи и читање слободна литература.

Марија В’чкова е родена на 6 јули 2006 година во Кавадарци. Како и нејзината соученичка од тимот, учествува на бројни натпревари од разни области и постигнува одлични резултати, меѓу кои се и неколку први места на Регионалните натпревари по биологија и природни науки ипрва награда на Државен натпревар по македонски јазик на Конкурс за поезија.

Таа има добиено признание за Најдобра млада гимнастичарка и Талент во гимнастика во 2017 година за град Кавадарци, освоени неколку први места на Државни натпревари во Гимнастика во периодот од 2015 година до 2019 година, прва награда на Државен натпревар во Атлетика, како и прво место на Интернационален натпревар во Балет.

Нејзини интереси и хоби се: изучување странски јазици, од кои и е омилен шпанскиот, запознавање со природните науки и разни истражувања од областа на природните науки и медицината. Веќе неколку години активно посетува курс по Програмирање во Здружението Млади инжинери од Скопје.

niksa

About niksa