Зајакнување на соработката на Комисиите во рамки на МБА
Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа средба со претставници од Комисиите во рамки на Македонската банкарска асоцијација.
На состанокот се дискутираше за координација на активности на ниво на банкарскиот систем во врска со претстојната промена на каматните стапки (LIBOR, EURIBOR).
Комисиите во рамки на Асоцијацијата постојано иницираат и остваруваат соработка по прашања од заеднички интерес со цел делување и преземање на активности во насока на ефикасно остварување, унапредување и заштита на интересите на членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот се почитуваа сите мерки за заштита од корона вирусот.